Како што забележа лекарот, постојат одредени разлики во симптомите на децата инфицирани со Омикрон во споредба со возрасните. „Симптомите како што се замор, главоболки и губење на апетит изгледаат доста важни, како и осипите“, рече тој.

Лојд нагласи дека мала група пациенти со Ковид-19 отсекогаш имале осип, но потенцираше дека „до 15 отсто од децата со Омикрон имаат необичен осип“.

Докторот додаде дека лекарите постепено учат повеќе за оваа варијанта на вирусот. „Да се ​​надеваме дека Омикрон не е толку смртоносен како Делта и дека ќе можеме да се справиме со него. Но, да, времињата се загрижувачки, рече тој.