Пукната водоводна цевка на булевар „Партизанска“ кај Центарот за социјални работи-Штип остави без вода неколку населби и високите зони во градот.
Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Трајче Здравков за МИА вели дека екипите работат на санирање на дефектот и се очекува во попладневните часови водоснабдувањето да се нормализира.
-Дефектот настанал синоќа, наши екипи се веќе на терен и за кратко ќе го санираат. Вода немаат населбите Железничка, Пребег, дел од Осми Ноември и Ново Село, вели Здравков.
Посочи дека во рок од една недела на истата линија се случува втор дефект.