Од општина Карпош реагираат дека поради дефект, делови од булеварите „Партизански одреди“, „Илинден“ и „8 Септември“, кои се под надлежност на Град Скопје вечерва се без улично осветлување.

Без улично осветлување се потезите на булеварот „Партизански одреди“ од кружниот тек кај Порта Влае до семафорите на мостот Влајко, делот на булевар „Илинден“ кај Воена Болница, како и дел од булеварот „8. Септември“. До целосно отстранување на дефектот апелираме на поголемо внимание кај сите учесници во сообраќајот во овие делови од Карпош, се вели во реакцијата на Општината.