На жиро- сметките на голем број граѓани се уште не стигнале исплатите за боледување и породилно, иако од Фондот за здравство во понеделникот соопштија дека се очекува наскоро да заврши постапката. Од Фондот за здравство не даваат појаснувања колку граѓани останале без парите што им следуваат и кога се очекува да бидат завршени сите исплати.

„За празници од сите категории, вклучително породило отсуство, во текот на изминатите денови, поточно од 20.02.2023 година до денес, исплатени се 270 милиони денари и 3,2 милиони денари за рефундирање. На сите преостанати исплати, како што објавивме во понеделникот, интензивно се работи, бидејќи континуирано се обработуваат и исплаќаат“, велат од Фонд за здравство.

По деблокирањето на системот на Фондот, премиерот Ковачевски предложи награда за еден од инженерите кој даде најголем придонес за решавање на проблемот со хакерскиот напад.

Хакерскиот напад врз Фондот за здравство, кој речиси целосно го парализираше работењето на оваа институција, се случи на 7 февруари, непосредно пред да биде ставена во функција новата заштита од хакерски напади. Надлежните најавија дека преземаат дополнителни чекори за заштита на податоците на граѓаните. Премиерот Ковачевски најави дека претставници на НАТО ќе дојдат во Македонија за да помогнат во справувањето со сајбер нападите.