Дел од корисниците од улицата „Пролет“ со бр.11, 13 и 15 во Општина Центар, како и делот од корисниците од булеварот „3-та Македонска бригада“ кај ресторанот „Виолина“ и бараките на Водостопанство до ТС Југ Нова во Општина Аеродром утре од 8:30 – 14:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
Од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Езерци“ со парни броев од бр.6 до бр.12 во населбата Влае.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето веќе закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија