Дел од работниците на неоперативната нуклеарна централа Чернобил денеска го напуштија објектот по повеќе од три недели, јави Би Би Си.
Вкупно 64 работници заминаа дома, а нив ги заменија 46 доброволци.
Околу 200 работници и припадници на Украинската национална гарда беа блокирани во нуклеарната централа од 24 февруари, првиот ден од војната, кога руската армија го освои Чернобил.
Би Би Си наведува дека, бидејќи руската страна не можела да ја гарантира нивната безбедност ако се обидат да ја напуштат електраната, работниците останале заробени внатре со помали залихи на храна и лекови.
По големата несреќа во 1986 година, електраната продолжи да работи до 2000 година, кога беше исклучена.