ЕВН најави прекини поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа
Дел од корисниците во општините Илинден и Ѓорче Петров денеска ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа, информира ЕВН Македонија.
Во општина Илинден, од 08:30 до 15:30 часот, без струја ќе бидат корисниците во селата Текија, Дељадровци и Миладиновци.
Во општина Ѓорче Петров, прекинот е најавен во периодот од 09:30 до 14:30 часот и ќе ги опфати дел од корисниците на улицата „Ѓуро Салај“, улиците „Алекса Демниевски“, „19“ и „Даутица“, како и објектот на основното училиште.
