Утре прекин на водоснабдувањето на Булевар Св. Климент Охридски
Од ЈП Водовод и Канализација информираат дека утре, 16 декември 2025 година (вторник), ќе има прекин на водоснабдувањето поради уличен дефект на булевар Св. Климент Охридски, спроти Соборниот храм.
Без вода ќе останат корисниците на потегот од крстосницата со булеварот „Партизански Одреди“ до паркингот ЈАТ.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот и ќе трае до целосно санирање на дефектот.
Зафатениот реон се наоѓа на територијата на општина Центар.
