Меѓу нив како поважни директорката на установата, Биљана Петровска ги издвои вкупно пет промоции на книги од роднокрајни автори.

-Покрај промоциите на роднокрајни автори, го одбележавме и Светскиот ден на мајчиниот јазик, Светскиот ден на поезијата, Светскиот ден на книгата, Денот на културата, Неделата на детето и Месецот на книгата. Исто така избиравме читател на годината, читател на летото, а ги наградивме нашите возрасни редовни членови, рече Петровска.

За крај на 2021 година, библиотеката денеска додели награди за најмалите и најредовни читатели.

-Тоа се дечиња од кои две се во детска градинка, а сепат сите наградени, редовно изнајмуваат книги од библиотеката и како примерни членови навреме ги враќаат прочитаните книги. На нашите денешни гости најмали и најредовни читатели им велиме едно огромно Браво и нека продолжат да читаат книги. Тоа се Јана Манева, Димитар Манев и Георги Илиевски. Честитки до сите нив, се читаме и дружиме и во новата 2022 година, додаде Петровска.

Оваа активност, библиотеката ја реализира по втор пат, се со цел како што додадоа од библиотеката, да биде како поттик и апел до сите родители да ги научат децата да ја сакаат книгата, да ги научат од мали да посетуваат библиотека и да им всадат љубов кон читањето и убавиот пишан збор.