Денеска по повод 150 години од раѓањето на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“ во Скопје делегации на ВМРО-ДПМНЕ положија свежо цвеќе на споменикот во чест на Гоце Делчев.
На гробот на Гоце Делчев се поклони делегација на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, потпретседателот Александар Николоски, потпретседателката Гордана Димитриеска Кочоска, и генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски.
Свежо цвеќе положи и делегација на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Жаклина Пешевска, делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ предводена од претседателот Сергеј Попов, делегација на Унија на ветерани на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од Мане Јаковлевски, и делегација од советничката група на Град Скопје предводена од Марија Андоновска.