Да Ве известам и поканам во 9:30 пред Централниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ каде што организирано ќе се тргне кон чествување на гробот на Гоце Делчев во црквата Св. Спас. Ве молам да бидете точни и да го проследите настанот, при што во текот на движењето ќе биде дадена и изјава од Претседателот Мицкоски. Дополнително да Ве известам дека утре во 15 часот, во Домот за култура “Биљана Беличанец” во Кисела Вода ќе се одржи “Историски час” на кој ќе земат учество, Претс. Мицкоски, Пандов и Ванчо Ѓорѓиев, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ испратено до медиумите.

Во прилог и делегациите кои ќе положат цвеќе на утрешниот настан на гробот на Гоце Делчев:

. Делегација на ВМРО ДПМНЕ Предводена од Претседателот Христијан Мицкоски

2. Делегација на Секретаријат на ВМРО ДПМНЕ предводена од Генералниот секретар Ѓорѓија Сајкоски

3. Делегација на Унија на Жени на ВМРО ДПМНЕ, предводена од Претседателката на Унијата Жаклина Пешевска

4. Делегација на Унија на Млади Сили на ВМРО ДПМНЕ предводена од Претседателот на Унијата Сергеј Попов

5. Делегација на Советници од г. Скопје од ВМРО ДПМНЕ, Предводена од советничката Марија Андоновска

6. Делегација на Пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ, предводена од Координаторот Никола Мицевски

7. Делегација од општина Ѓорче Петров предводена од градоначалникот Александар Стојковски

8. Делегација од општина Кисела Вода, предводена од секретарот Мирко Ивановски

9. Делегација од општина Гази Баба предводена од градоначалникот Бобан Стефковски

10. Делегација од општина Бутел предводена од градоначалникот Дарко Костовски

11. Делегација од општина Аеродром предводена од Претседателот на Совет Дејан Митески