Делегација на СДСМ предводена од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски, заедно со пратеничката Даниела Колева и членката на Извршниот одбор, Ивона Кузмановиќ, денеска оддаде почит и се поклони пред ликот и делото на македонскиот великан Гоце Делчев, се вели во партиското соопштение на владејачката СДСМ.
-Гоце Делчев е еден од најзначајните македонски револуционери, национален херој чие наследство го чуваме, го почитуваме и силно го промовираме. Визијата на Гоце за слобода, правда и еднаквост денеска е визија на социјалдемократите. Делото на великанот Делчев, кој го разбра светот како поле за културен натпревар меѓу народите, останува силен мотив за нашите сегашни и идни генерации, за развој и напредок на слободна, независна и европска држава, е пораката од генералниот секретар Миле Зечевиќ – Вардарски по повод 151 година од неговата смрт. Нека е вечен споменот на македонскиот великан Гоце Делчев, истакнуваат од СДСМ.