Утрово делегација на ВМРО-ДПМНЕ положи цвеќе во Крушево и дадоа јасна порака дека нема да дозволат никој да го погази нашето минато.
Горди сме на нашето минато и нема да дозволиме тоа некој да ни го погази или присвои. Горди сме на нашите предци и на нивната саможртва да ја изградат Македонија.
Тие се нашиот пример дека со сплотеност и одлучност можат да се постигнат сите цели. Борбата за Македонија никогаш нема да престане, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Освен во Крушево каде е и претседателот на партијата Христијан Мицкоски делегации на ВМРО-ДПМНЕ има и на други локации низ државата.
•Делегација предводена од портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи и претседателот на Градски Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски ќе положат цвеќе пред споменикот на АСНОМ (Парк Жена борец), споменикот на Никола Карев (пред Собранието на Република Македонија), потоа пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ Методиј Андонов Ченто (Плоштад „Македонија“).
•Делегацијата предводена од Борис Шамбевски, претседател на Градскиот Комитет на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ заедно со потпретседателите на Градскиот Комитет на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Адриан Наумоски и Љупчо Ристески ќе положат свежо цвеќе на тврдината Кале-Скопје.
•Делегација предводена од пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Жаклина Пешевска и пратеникот Бране Петрушевски, ќе положат цвеќе во Меморијалниот центар „АСНОМ“, Пелинце.