Сестринските партии од Европската Народна Партија (ЕПП) следниве два дена во Букурешт во Романија имаат значаен собир каде во фокус се изборите во Европскиот парламент годинава, но и за протоколарните активности планирани за оваа година.

Високата делегација на ВМРО-ДПМНЕ на конгресот е предводена од претседателот Христијан Мицкоски. Освен Мицкоски дел од партискиот тим и претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова, како и потпретседателите Александар Николоски и Тимчо Муцунски, а дел од тимот е и актеулниот заменик министер во МИОА, Стефан Андоновски.

Според агендата, Мицкоски и целата делегација ќе остварат значајни билатерални средби со високи европски политички лидери. Денеска на агендата е средба со потпретсдателот на ЕПП – Дејвид Мекалистер, како и со премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ.

Мицкоски попладне ќе има и официјално обраќање пред присутните. Како што пишува Алфа, утре според најавите лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе има средба и со Јоханес Хан, потпретседател на Европската комисија.

Од ЕПП, Букурешт го опишаа како „главен град на политичката сцена“ во Европа деновиве. Во продолжение може да видите видео од Европската народна партија во Букурешт.

Во следните два дена се очекува да се донесат значајни политички одлуки во Букурешт.