Делницата Велес – Градско поради асфалтирање ќе биде затворена за сообраќај од денеска до понеделник, освен во недела, во периодот од 8 до 18 часот, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
АМСМ потсетува и дека од 11 септември е воспоставен привремен режим на сообраќај во тунелот на патниот правец Блаце – Скопје поради санација на тунелот. Поставена е светлосна сигнализација со наизменично пропуштање на возилата.
Сообраќајот на државните патишта утрово се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
-На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.