Втор ден, од 8 до 16 часот, поради асфалтирање е затворена за сообраќај делницата Велес – Градско, односно Стариот пат.

Поради асфалтирање на патот жителите од Градско кои работат во Велес и обратно, велешани кои работат во Градско, реагираат бидејќи мора да патуваат преку автопат и да плаќаат патарина која чини 60 денари во еден, односно 120 денари во два правци.

Тие реагираат до надлежните, бидејќи за време на реконструкција на Стариот пат, а тое е веќе скоро една година, не име понудено друго алтернативно решение, па мора да плаќаат патарина.

Според најавите, асфалтирањето треба да заврши на 19 август.