Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, известува дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 04.09.2025 година (четврток), без електрична енергија ќе останат:
– од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од с. Бањани и викендиците кон манастирот Св. Илија. (Општина Чучер Сандево )
– од 10:00 до 11:30 часот, корисниците од дел од ул. Студеничанска. (Општина Кисела Вода)
– од 10:30 до 12:30 часот, корисниците од дел од ул. Малешевска. (Општина Кисела Вода)
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, известува дека, на ден 04.09.2025 година (четврток):
– поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул. Наум Наумовски Борче бр. 90, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците на потегот од Влада на РСМ до Градскиот Стадион. (Општина Центар)
Извор: Курир