Железничкиот сообраќај на почетокот на месецов беше блокиран токму поради поплавите.
Поплави има и во градот Намур, јави мрежата РТБФ. Во овој главен град на Валонија, еден ѕид се урна врз тротоар во близина на казино, и неколку куќи мораа да бидат евакуирани.
Невремето погоди и други градови низ Белгија, јави агенцијата Белга.
Свлечишта се регистрирани во провинцијата Валон Брабант, а во провинцијата Антверпен на северот на земјата, спасувачките служби добиле повеќе повици за помош. Во овој регион, куќите се поплавени, а една куќа беше погодена од гром.