Човечки делови се пронајдени во торби во рурална област во Пефкохори, на Халкидики, во четврток попладне, откако шумарски работници наишле на сомнителни вреќи и веднаш ја известиле полицијата. Областа е обезбедена, а на терен се очекува да пристигне судски експерт.
Според градоначалникот на Пефкохори, Јоргос Цикуридис, работниците околу 17:30 часот отишле на терен по работа и при заминувањето забележале торба и куфер со ќебиња натопени со крв, објавува „Прототема“.
Откако виделе рака што штрчела од торбата и имала прстен, сфатиле дека станува збор за човечко тело.
Полициските сили веднаш се упатиле кон местото на настанот и го обезбедиле теренот, додека истрагата продолжува.
