Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН – Скопје, ги известува граѓаните дека, поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат:
На ден 20.10.2023 година (петок), од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. „Дамаска“ (Општина Карпош).
На ден 21.10.2023 година (сабота), од 08:30 до 16:30 часот, корисниците од дел од с. Батинци како и објектите на Живинарската фарма – Батинци и ЈП Дрисла. (Општина Студеничани)
На ден 22.10.2023 година (недела), од 04:00 до 07:00 часот, објектите на фирмите во кругот на поранешниот МЗТ, индустриските објекти околу кванташки пазар, сите индустриски објекти на ул. Перо Наков како и корисниците од населените места: Маџари, Сингелиќ, Стајковци, Хиподром, Трубарево, Јурумлери и Арачиново. (Општина Гази Баба и Општина Арачиново)