Откако на нашиот портал денеска беше објавен документ според кој Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи, платил сметка за мобилен телефон во вредност од 1 милион денари, пристигна и негов демант.
Според објаснувањето, станува збор не за личен мобилен телефон, туку за мобилните услуги кои ги користел целиот Центар за управување со кризи во текот на целата година.
Сумата пак, која на документот е прикажана дека изнесува над 1 милион денари, на тендер со наддавање достигнала до цифра од 600.000 денари.