Руското Министерство за одбрана објави, во врска со обвинувањата на Естонија дека три руски борбени авиони го нарушиле воздушниот простор на земјата, дека планираниот лет од Карелија до аеродромот во Калининградската област бил извршен во согласност со меѓународните прописи и не ги прекршил границите на други земји.
На 19 септември годинава, три руски борбени авиони МиГ-31 го извршија планираниот лет од Карелија до аеродромот во Калининградската област. Летот беше извршен во строго почитување на меѓународните прописи за воздушен простор и не ги прекрши границите на други земји, што беше потврдено со објективно следење“, се вели во соопштението на руското министерство, пренесува РИА Новости.
Претходно, естонското Министерство за надворешни работи објави дека во петокот го поканило вршителот на должноста амбасадор на Русија да достави протестна нота во врска со наводното нарушување на естонскиот воздушен простор од страна на руски борбени авиони МиГ-31.
Естонската влада ја обвини Русија за нарушување на нејзиниот воздушен простор , поради што Естонија побара консултации во рамките на НАТО согласно член 4 од Вашингтонскиот договор.
НАТО објави дека ќе одржи итен состанок на почетокот на следната недела за да ја разгледа ситуацијата.