Ова утро во Радио Лидер разговаравме со пратеникот Бране Петрушевски и заедно ја демаскиравме работата на Димитар Апасиев и Левица.
Тој зборуваше за законот кој вчера Левица предводена од Димитар Апасиев го поднесе во Собранието. Пратеникот откри многу работи досега нејасни за пошироката јавност околу лидерот на Левица.
Петрушевски посочи дека се поставува прашањето како е можно еден универзитетски професор по право да поднесе измени во еден таков закон.
-Со помош на СДС, ДУИ и власта се изгласа скратена постапка на законот, но сепак поддршката од СДСМ дојде за Левица. Ние не ни бевме внатре во салата затоа што како што претходно изјавив ги оставивме сами. Меѓутоа и тука има еден сериозен проблем зачудувачки за еден универзитетски професор по право, со оглед дека не сум правник, вчера вечерта се консултирав со сериозни правници, особено во казнената материја на правото и сите беа зачудени како е можно еден универзитетски професор по право да поднесе еден таков закон, рече Петрушевски.