Демократскиот сојуз бара на ученичката од охрид да ѝ се овозможи да ја полага државната матура.

„На матурантката Тијана Силјаноска од Охрид да ѝ се овозможи да го полага пропуштениот испит веднаш, бидејќи грешката е на училиштето. Јасно е дека пропустот го направиле одговорните во СОУ „Свети Климент Охридски“, тие треба да ја коригираат грешката и на ученичката да ѝ дозволат да полага веднаш, за да може да ги фати роковите за упис на некој од факултетите. Не е педагошки и човечки полагањето да го одлагаат за следната сесија и да даваат изјави и коментари несоодветни за образовна институција“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

Демократскиот сојуз го повика министерот за образование Јетон Шаќири да реагира соодветно и да води грижа за секој ученик посебно, доколку е обесправен.