Интегралното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Денес, сите граќани на Македонија, да испратиме громогласна порака за единство за сплотеност и за почитување на различностите. Никој нема право да не’ дели и на темелите на Македонската државност да печали политички поени.

Денес оддаваме почит на Илинденците, на партизаните и на сите што се бореле за самостојна и независна Македонија.

Денес е најсветлиот ден на Македонскиот народ и затоа имаме аманет од постарите генерации, да ја чуваме, градиме и развиваме Македонија.

ЧЕСТИТ ИЛИНДЕН И ДА Е ВЕЧНА МАКЕДОНИЈА.