Лидерот на Демократското движење пред присутните рече дека оваа прва година партијата ја наоѓа како успешна и со сеопфатен раст.
-Пред една година, кога го создадовме Демократското движење, многумина се сомневаа во можноста за промена. Но, ние верувавме и благодарение на заедничката посветеност изградивме консолидирана политичка сила, која веќе се прошири низ целата земја, рече Меџити.
Меџити рече дека е докажано дека сме повеќе од партија – ние сме движење што го скрши стравот и всади вистинска надеж за промени.
Докажавме дека нашето обединување може да триумфира над режимот кој две децении ја искористи нашата земја и нејзините граѓани. Денес, една година по основањето, Демократското движење е посилно и порешително од кога било за да го продолжи патот кон успешна иднина. И оваа годишнина ја одразува стабилноста, силата и вербата што ги изградивме заедно, рече Меџити.
Демократското движење е основано на 13 август 2023 година и е дел од коалицијата ВЛЕН, која учествува во владата, додека нејзиниот лидер Изет Меџити ја извршува функцијата прв вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање