Демократско движење, на предлог на претседателот Изет Меџити, вечерва одржа состанок со партиските структури, со единствена точка на дневен ред – официјализирање на ВЛЕН во обединета политичка сила, се вели во соопштението од Демократско движење.

-Со манифестирање на висока политичка зрелост, целосно прифаќајќи ја пораката на мнозинството Албанци, едногласно го овластивме Меџити, да продолжи да го води процесот на трансформација на нашата партија и нејзиното прелевање во ВЛЕН како обединета, силна и современа политичка структура. Силно сме уверени дека продлжуваме да создаваме историска можност за ВЛЕН да продолжи да окрупнува и да ја зацврсти улогата на главен репрезент на волјата на мнозинството Албанци. Овој чекор ја консолидира албанската политичка сцена и поставува цврсти основи за поголемо учество и влијание на Албанците во идниот политички живот, велат од Демократското движење.
Извор: Курир
