Х.И. вчера пријавил дека на стадионот Чаир на ул.„Кемал Сејфула“ во Скопје во текот на ноќта 05/06.01 непознати сторители насилно влегле и оштетиле столчиња од трибините, врати и инвентар од соблекувалните, а бил запален и оган, информира МВР.
Веднаш по добиената пријава полициски службеници излегле на место на настанот и се преземаат меркин и активности за расчистување на случајот.