Денеска го одбележуваме Денот на македонската револуционерна борба. На свечената академија под слоганот „Завет кој обврзува“, обраќање ќе има премиерот Мицкоски. Претходно, владина делегација и делегација од Собранието ќе положат свежи цвеќиња пред споменикот на основачите на ВМРО, во паркот „Жена борец“ во Скопје.

На 23-ти октомври 1893 година во Солун била основана Внатрешно Македонско-одринска Револуционерна Организација, со цел извојување автономија на Македонија со борба. Врвна точка на дејноста е организирањето на Илинденското востание во 1903 година.

Основите на организацијата се поставени во куќата на Иван Хаџи Николов во Солун, а на основачкиот состанок присуствуваат Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев.