Денеска времето претпладне ќе биде променливо облачно, додека попладне се очекува сончево време со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 11 до 19, а максималните ќе достигнат меѓу 26 и 33 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од утрински 17 до дневни 32 степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во сабота во југоисточните делови ќе има услови за изолирана појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Во недела повторно на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално се очекуваат и поинтензивни процеси во форма на невреме. Во понеделник претпладне ќе има локален дожд, по што ќе следи стабилизирање на времето.