Функционерите од СДС молчат, а ДКСК и институциите не реагираат, денес во 12 часот нови детали за аферата „Тајни имоти“, најавуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата истакнуваат дека 123 функционери од власта кријат имот од 30 милиони евра со месеци, а дел од нив со години и институциите не реагираат.
-Не може да биде системски пропуст кога 123 лица немаат пријавено имот, може да биде само системско криење. ДКСК наместо да чека поднесок, треба да почне да си ја работи работата. Како за дезертерот Ковачевски побрзаа да го амнестираат, па потоа кога ги пушти низ вода и сам призна се, а ВМРО-ДПМНЕ поднесе претставка молчат. Што ќе се смени сега? Наместо да чекаат ДКСК, но и другите институции треба да почнат да постапуваат, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Како што велат од партијата, законите се јасни, но очигледно со СДС на власт, тие не важат за нивните функционери.
-Функционерите од власта и ДКСК имаа време да се пријават или отворат постапки. Но наместо извинување кон граѓаните и оставки тие молчат. Затоа денес во 12 часот ВМРО-ДПМНЕ продолжува со изнесување на нови детали од аферата „Тајни имоти“, се наведува во партиското соопштение.