На 1 јануари ја имаме низата 1-1 и токму поради тоа, денеска е одличен ден за да замислите желба. Оваа низа е поврзана и со кармата па иако сите ние имаме различни желби на почетокот на секоја година, ова е и ден кој има моќ да ни донесе добра карма, но и духовно будење.

Оваа низа треба да ја посветиме на емотивниот, духовниот и личниот развој. Време е да замислиме желба, но не само тоа – да ја најдеме својата цел и да се посветиме на тоа.

Единицата се смета и за симбол на силна енергија, интуиција, ентузијазам и креативна моќ. Срцето ќе ви каже што е најдобро за вас, па вашата желба нека биде во таа насока. Бидете оптимисти и обрнете внимание на своите мисли и чувства. Дистанцирајте се од негативните луѓе, но и од она што ви предизвикува непотребно лошо чувство во вас.

Според нумеролозите, ако се посветиме на тоа, можеме да решиме и одредени љубовни несогласувања. Важно е само да не и дозволуваме на старата енергија и да станеме свесни дека љубовта е движечка сила во нашиот живот.