Изјава на членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки
„Денеска сме во преубавиот Штип, во главниот град на истокот. Денеска е празник на демократијата, каде граѓаните имаат можност да го искористат своето гласачко право и да гласаат за својата, твојата, за вашата иднина, за иднината на соседот, за иднината на пријателот, на роднината.
Почитувани граѓани,
Ве повикувам сите масовно да излеземе и да гласаме на овие локални избори, да гласаме за вашиот кандидат, да гласаме за вашиот советник. Ја користам можноста да се заблагодарам на сите учесници во изборниот процес, пред се нормално на граѓаните, меѓутоа и на членовите на ДИК, на ОИК, на избирачките одбори, на набљудувачите и секако на припадниците на МВР, коишто деноноќно се трудат да овозможат овој процес да помине без проблеми. Задоволни сме од начинот на реализација на овој процес досега, во една фер, демократска, мирна атмосфера, очекуваме истиот така да продолжи и до крајот на денот.