Во свечената сала, каде вообичаено бугарскиот претседател врачува ордени и пречекува странски делегации, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид, Христијан Пендиков, ќе го добие бугарското државјанство

Пендиков ќе ги добие документите на свеченост попладне во 14.30 часот од бугарската потпретседателката Илијана Јотова, лично.

Токму Јотова го потпишала указот за стекнување бугарско државјанство врз основа на неговото бугарско потекло, пренесува БНТ.

Бугарските медиуми потсетуваат Пендиков, беше нападнат и претепан во Охрид поради неговото тврдење на бугарска самосвест.

Судењето за нападот на Пендиков е во Основниот суд во Охрид. И покрај поканите за судење, тој како заинтересирана странка, до сега се нема појавено во Македонија. Бугарската влада му додели стан, ги плаќа и неговите дневни трошоци по лекувањето и операцијата во Софија.