По првите три дена има околу 190.000 попишани, иако во вторникот имаше прекин во системот . ТВ Алсат добил СМС порака од инструктор дека теренците треба да се повлечат и да ги исклучат лаптопите, но Симовски изјавил дека не станува збор за хакерски напад.

Симовски додал дека поради државниот празник, на попишувачите им било наредено да не излегуваат на терен.

„Им рековме на попишувачите да не излегуваат денеска на терен поради празникот. Нема друга причина. Од утре ќе даваме изјави за медиумите. Имаме повеќе од 20 дена да го завршиме пописот, така што нема да има проблеми“, рече директорот Симовски.

Пописот треба да заврши на 30 септември.