Пред Министерството за животна средина денеска напладне ќе се одржи нов протест за право на чист воздух. Оттаму маршот ќе продолжи кон Собранието, пред Владата и ќе заврши пред Град Скопје.
Мораме да ја симнеме земјата од врвот на црната листа на Европската агенција за животна средина, во која Македонија е на врвот со највисока стапка на загубени животи поради изложеност на штетните Пи-ем 2,5 честички, велат организаторите.