Учесниците ќе протестираат за правда на затворените за случајот 27 април, кои се осудени за упадот во Собранието во 2017 година. Ова не е прв протест на уставобранителите.

Според организаторите на протестот, обвиненијата за тероризам на затворените за 27 април се политички монтирани. Тие бараат Врховен суд да го поништи судењето и да има ново, оти имало лажни сведоци.

Организаторите на протестот апелираа учесниците да се придржуваат до протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти базирани на етничка и верска основа.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ неколку пати истакнаа дека ќе им дадат поддршка на протестот.