Денеска од 8 до 16 часот ќе работат сервисните шалтери за издавање готови лични документи во „Беко“ и МРТВ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР)
МВР вчера најави отпочнување со испорака на лични карти и возачки дозволи на домашните адреси во Скопје, со цел да се олесни и забрза процесот на ажурирање на личните документи.
Важно е да се напомене дека овој пилот проект во моментов се спроведува исклучиво во Скопје, појаснуваат од МВР.
Извор: Kurir