Централната изборна комисија на БиХ денеска треба да донесе одлука за распишување и одржување општи избори во земјата.
На истата седница ЦИК треба да ги разгледа и другите придружни одлуки во врска со организирањето на изборите, пред се одлуката за заклучување на Централниот избирачки список заклучно со 3 мај, како и предлог-прописите за регистрација на политичките субјекти за учество на општите избори во октомври оваа година.
Претседателот на Комисијата Суад Арнаутовиќ претходно најави дека ЦИК и покрај бројните шпекулации во јавноста ќе постапи согласно одредбите од Изборниот закон и дека изборите ќе бидат распишани навреме.
„Една од тие законски обврски е ЦИК да ги распише изборите најмалку 150 дена пред денот на изборите“, рече Арнаутовиќ.