Министрите ќе бидат пречекани од страна на новиот почесен конзул во Штип, Данела Арсовска.
По завршување на церемонијата на отворање на Почесниот конзулат, министрите ќе присуствуваат и на Македонско-унгарскиот бизнис форум на кој на иста маса ќе седнат компании од двете земји, со цел продлабочување на меѓусебната економска соработка.