Ќе дува засилен северозападен ветер, кој во источните делови и вдолж Повардарието ќе достигнува брзина и над 60 км/час. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и слаб снег, особено претпладне. Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.