Пред затворот во Прилеп денеска напладне ќе биде организиран протест.

Како што се вели во најавата, протестот се организира по повод неправедно осудените за случајот 27 април од страна Патриотски Институт на ВМРО-ДПМНЕ „Гоце Делчев“.

Пред присутните ќе се обратат Мане Јаковлевски, Претседател на Унија на Ветерани и Александар Пандов, Претседател на Патриотски Институт.