Времето во Македонија денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и слаб променлив ветер и дневна температура до 24 Целзиусови степени. Маврово 16, Охрид 21, Битола 23, Крива Паланка 22, Берово 21, Кавадарци и Дојран 26.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне на повеќе места и особено во централните и источните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, понекаде и во форма на краткотрајно невреме. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне нестабилно со појава на повремено пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме. Ќе дува слаб променлив ветер. Дневните температури ќе се движат од 14 до 24 степени.