ремето денеска, недела 30 април, според УХМР, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и релативно топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд со грмежи.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за слаб краткотраен дожд и појава на ретки грмежи.

В понеделник, 1 мај, ќе биде умерено до значително облачно, од пладневните часови ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието, прогнозира УХМР

Во Македонија во следните денови следува период на променливо време со повремени врнежи од дожд, прогнозира Славчо Поповски. Локално и повремено врнежите ќе бидат поинтензивни, а ќе има услови и за ретка појава на грмежи. На највисоките планински врвови повремено ќе провејува и снег, додека температурите на воздухот повторно ќе бележат тенденција на опаѓање и во следните денови ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 18 степени, додека во најтоплите централни и југоисточни предели истите ќе се искачат и малку над 20 степени.

Во текот на следната седмица и понатаму температурите ќе бидат потпросечни за почетокот на месец мај.