Ќе дува слаб до умерен, а попладне на места засилен ветер од јужен правец, информира Управата за хидрометеролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од минус 8 до минус 2 степени, а дневната од 4 до 13 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со мала доумерена облачност. Утринската температура ќе достигне до минус 6 степени, а дневната до 7 степени.

Од петок ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На планините и на некои повисоки места врнежите повремено ќе преминуваат во снег, соопшти УХМР.