Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 32 до 41 степен.

Во Скопје сончево и многу топло со мала облачност попладне. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде околу 19, а максималната ќе достигне 39 степени.

Од УХМР најавуваат дека уште денеска времето ќе биде сончево, многу топло и вдолж Повардарието температурите ќе достигнуваат 40 степени. Насекаде ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури. Од петок температурата ќе биде пониска за неколку степени, а облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за изолирана појава на локален дожд и ретки грмежи.