Покрај премиерот, воведни обраќања на Форумот ќе имаат и американската амбасадорка во земјава Кејт Мари Брнз, шефот на Делегација на Европската Унија во Скопје, Дејвид Гир и директорот на ЗИП Институт, Агим Селами.
На Форумот ќе учествува и министерот за економија Крешник Бектеши, кој ќе биде говорник на панелот насловен „Придонесот на Западен Балкан кон Зелениот договор на Европската Унија“.
Предвидено е на Форумот да се одржат засебни панел-сесии на кои креаторите на политиките, лидерите на енергетските компании и експерти од оваа област од целиот свет ќе дискутираат за важноста на енергетиката, како и за предизвиците на одржливиот развој.
Форумот традиционално се одржува четврта година по ред во организација на ЗИП Институтот, Владата и Амбасадата на САД во земјата.