Во Владата денеска ќе биде потпишан договорот за коридорите 8 и 10 д помеѓу Министерството за транспорт и врски, Јавното претпријатие за државни патишта и конзорциумот „Бехтел и Енка“.

На настанот по овој повод ќе се обратат премиерот Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и генералниот директор за нискоградба „Бехтел“, Марк Алисон.

Владата на вчерашната седница го одобри склучувањето на договорот за изградбата на коридорите 8 и 10 д. Како што рече синоќа во телевизиско гостување првиот вицепремиер во Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби, се работи за изградба на автопатишта од 110 километри, што ќе чини 1,3 милијарди евра или два милиони евра по километар.