Вториот круг од локалните избори се одржува денеска во 18 општини во Косово. Призрен, Ѓаковица, Гњилане, Драгаш, Качаник, Клина, Косово Поле, Јужна Митровица, Обилиќ, Ораховац, Пеќ, Сухарека, Витина, Вуштри и Клокот се општините во кои кандидатите се соочуваат во вториот круг.
По првиот круг, движењето Самоопределување (ПС) води со најголем број кандидати во вториот круг, по што следуваат Демократската лига на Косово (ЛДК), Демократската партија на Косово (ДПК), Алијансата за иднината на Косово (АИК) и Српската листа.
