Бугарскиот премиер Николај Денков во интервју за весникот „24 часа“, изјави дека Бугарија нема намера да отстапи од позициите кон Македонија и Скопје како што рече мора да ги исполни сите обврски на кои се обврза пред ЕУ.
„Категорично не. Со реализирањето на т.н францускиот предлог, како резултат на кој беше укинато ветото, всушност разговорот веќе не е меѓу Бугарија и Македонија, туку меѓу РСМ и ЕУ. Тоа што се очекува, е нашите соседи да ги исполнат обврските преземени пред ЕУ. Нема никаква причина да ја смениме нашата позиција “, изјави Денков.